Замина холивудската легенда: Почина актерот Кирк Даглас

од Elena Daskalova

Кирк Даглас почина на своја 103-годишна возраст. Тажната вест ја објави неговиот син, исто попуарен холивудски актер, Мајкл Даглас.

„За светот, тој беше легенда, актер на златната филмска ера, хуманитарец кој беше посветен на правдата и секогаш веруваше во својата кауза. Но за мене, за моите браќа, тој беше само татко, за Кетрин свекор, за нашите деца дедо и прекрасен сопруг на Ени“, се вели во соопштението за јавноста.

Неговото дело ќе остане да биде пример за целата филмска индустрија.

„Дозволете ми да завршам со зборовите кои му ги кажав на последниот роденден – татко, те сакам и горд сум што сум твој син“, завршува Даглас.

Кирк Даглас е роден како Исур Даниелович Демски, а пред да стане актер сменил дури 40 професии.

„Направив кариера глумејќи неранимајко“, често се шегувал Кирк на сопствена сметка.

Слични содржини