Заминал на одмор, а завршил во притвор поради „навреда“ на Ердоган

од Nikola Popovski

Германскиот стоматолог, Кристијан Б. ќе биде изведен пред судија во Анталија во вторник, откако е во притвор еден месец затоа што се расправал со една Турчинка на аеродромот, која го обвинила за навреда на претседателот Едроган, пишува ДВ.

Постојат две верзии за текот на кавгата.

Германецот вели дека додека го чекал багажот на подвижната лента, тој само ја предупредил жената да ја држи препорачаната далечина поради епидемиските мерки за заштита од коронавирус и дека таа потоа отишла да ја повика полицијата.

Турчинката тврди дека Кристијан Б. гласно ги проколнал неа, Турците како нација и претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Опасно обвинување

Обвинување за навреда на претседателот може да биде опасно. Затворските ќелии се полни со луѓе кои наводно го навредувале турскиот претседател. Многумина се уапсени и осудени од политички причини. Членот 299 од Кривичниот законик предвидува затворска казна од една до четири години за навреда на шефот на државата.

Само минатата година започната е истрага за 36.000 случаи за „навреда на претседателот“, од кои една третина се стигнале до суд. Околу 4.000 лица се осудени на парични казни или затвор.

Како што сега известува Зидојче цајтунг, стоматологот ангажирал двајца адвокати – еден германски и еден локален. Неговиот клиент е „пријател на Турција“, тој ја сака земјата и не би му паднало на памет да ја навредува државата или претседателот, изјавил бранителот Ахмет Унал Ерсој.

Како доказ за неговата посветеност кон Турција, одбраната наведува дека стоматологот вработувал Турци во канцеларијата, како и дека дошол во оваа земја на одмор и покрај пандемијата.

Кристијан Б. пристигнал со двајца соработници, но, на негова несреќа, тие претходно излегле од чеканлната на аеродромот за да испушат цигара по тричасовниот лет, но сепак за негова среќа, има двајца очевидци кои се подготвени да сведочат во негова корист.

Слични содржини