Заминале во Грција на море, па заради корона завршиле во болница: Брачен пар од Србија на лекување, остантите патници во карантин

од Aleksandar Petrovski

Брачна двојка од Србија, која заминала на одмор на грчкиот остров Евија, во моментот се наоѓа во болница во градот Ламија на лекување од Ковид 19.

Според телевизијата Star.gr, туристите дошле во Грција во саботата во група од 80 лица, а вчера мажот покажал симптоми што се припишуваат на Ковид 19.

Двојката била пренесена со такси до Ламија, додека другите членови на групата биле сместени во хотелски карантин.

Според градоначалникот Едипсос, три групи Срби пристигнале во автобуси во саботата, вкупно 80 лица, кои биле сместени во три различни сместувачки места.

Членовите на групите се наоѓаат од туристичките агенции и нивните претставници во Грција, а сите туристи сега се под надзор, пренесува ТВ Стар.гр.

Слични содржини