Ѕанакоупулос: Сакаме сложено име кое што ќе важи за сите и ќе биде за севкупна употреба

од Vladimir Zorba

Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос на прашањето за што ќе разговорат двајцата министри за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас на нивната претстојна средба, изјави дека ќе се разгледуваат сите отворени прашања, јавува дописникот на МИА од Атина.

На вчерашниот брифинг во врска со ставот на грчкиот претседател и други политичари во Грција дека се неопходни и измени во македонскиот Устав, Ѕанакопулос, потенцира дека е потребна промена на уставното име, но и ревизија на евентуални одредби во Уставот кои алудираат на иредентизам.

„Сакаме сложено име кое што ќе важи за сите и ќе биде за севкупна употреба. За да важи за сите, предуслов е промена на уставното име на соседот. Без промена на уставното име на соседот, не може да биде исполнет предусловот да важи за сите. Промена на уставното име за да биде правно исправно, бара и промени на Уставот на соседната земја“, вели Димитрис Ѕанакопулос.

Слични содржини