Западен Балкан од денес зона без роаминг

од Stefanija Kuzmanovska

На подрачјето на Западен Балкан, денес се укинува надоместокот за роаминг за мобилна телефонија.

Укинувањето на роамингот е дел од договорот во кој се вклучени Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Србија.

Регионалниот договор за роаминг беше потпишан во април 2019 година во Белград на вториот дигитален самит на Западен Балкан.

Во првата фаза од спроведувањето на Регионалниот договор, цените на роамингот се намалија за помеѓу 83 и 96 проценти на целиот Западен Балкан, а од денес, кога договорот стапува на сила, роамингот не се наплатува.

Трансформацијата на Западен Балкан во зона без роаминг ќе биде одбележана вечерта на 1 јули со концерт на Преспанското Езеро, со учество на бендови и диџеи од целиот регион, организиран од Регионалниот совет за соработка (РЦЦ) и поддржан од Северномакедонска влада.

Слични содржини