Западот нема да дозволи Украина да пронајде дипломатски излез од моменталната ситуација

од Stefanija Kuzmanovska

Западот нема да дозволи Украина да најде дипломатски излез од сегашната ситуација, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за РТ.

„Не се сомневам дека на Украинците нема да им биде дозволено да преговараат додека Американците не решат – ‘Веќе направивме доволно скандали и посеавме хаос, сега можеме да ги оставиме сами на себе, ќе видиме како ќе се извлечат’“, кажа Лавров.

Според него, САД и Велика Британија со снабдување со оружје на Киев се обидуваат да ја турнат Русија во конфликт со Европа.

„Факт е дека тие (Украина) се буквално држени настрана од какви било конструктивни чекори. Тие се буквално напумпани со оружје и принудени да го користат сè поризично. Факт е дека има странски инструктори и експерти кои го сервисираат ХИМАРС, тоа веќе не е тајна“, рече Лавров.

Слични содржини