Запален aвтомобилот на Шилегов, оштетени уште три возила

од Берта Китинска

Ноќеска дваесетина минути по 3 часот опожарено е возилото на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Возилото, пред настанот било паркирано од неговата сопруга Јасмина. Во пожарот зафатени биле уште три возила на ист сопственик.

„На 09.03.2022 во 03,20 часот било пријавено дека на ул.”Петре Пирузе” во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило ауди со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш.. Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила пасат, матиз и нисан со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М.(53)”, соопштија од МВР.

Полицијата врши увид и работи на расчистување на случајот.

ФОТО:Принтскрин

Слични содржини