Запален предлогот во Собрание; Џафери до опозицијата: Демократија ви е ова?

од Nikola Popovski

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески денеска во Собранието се обрати до колегите пратеници, по што го запали листот хартија на кој е објавен францускиот предлог. Потоа тој го фрли на подот.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери мирно го проследи непријатниот момент и му порача на пратеникот:

-Ќе сфатиш што си направил, не си свесен, ќе сфатиш кога ќе одмориш дома.

Џафери продолжи обраќајки се до пратеничката група од најголемата опозициска партија.

-Демократија ви е ова? Ако е ова демократија, нека ви служи на чест, нека гори… изјави спикерот.

Слични содржини