Запален продолжен кабел- причина за избивање на пожарот во Тетово

од Берта Китинска

Запален продолжен кабел бил причината за избивањето на катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово.

Причина за првичниот оган кој потоа предизвика катастрофа било приклучувањето на дефибрилатор (уред кој предизвикува силен струен удар за реанимација на пациенти) преку продолжен кабел. Веројатно продолжниот кабел бил со послаб капацитет а дефибрилаторот влечел голема количина струја и кабелот едноставно се запалил. Огнот избил во штеќерот каде што бил приклучен кабелот. Потоа, големата количина на кислород во воздухот си го сторил своето. Од иницијалниот оган пожарот брзо го зафатил целиот објект. Покрај дефрбрилаторот на истиот продолжен кабел бил приклучен и полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

По воочена појава на пламен, пишуваат од Обвинителството, присутниот медицински персонал презел обид за гаснење, но настанало бурно ширење на пожарот по целиот објект, простирајќи се по кровните панели кон ниските предели на панелните ѕидови и болничкиот инвентар.  Со оглед на тоа што сите хоспитализирани пациенти биле приклучени на централниот довод за кислородна поддршка, а со тоа и процентуалното присуство на кислород во целиот болнички простор било зголемено, како и поради настанато оштетување на кислородната инсталација во текот на пожарот, огнот се проширил по целиот објект за многу краток временски период. – стои во соопштението на Обвинителството.

Кој сум јас да кажам дали треба да има друг приклучок за полнач на телефон?

Модуларните болници се правени според високи стандарди и такви се во целиот свет, уште еднаш порача денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата, на која соопшти дека не ги прифати оставките на Филипче и Хасани.

„Кој сум јас да кажам дали треба да има друг приклучок за полнач на телефон во модуларна болница? Вие очекувате од мене да бидам истражител. Не ми е тоа надлежност, и за тоа има надлежни институции. Модуларните болници се градени според светски планови. Тие се болниците, нема да бидат други. Не значи дека ќе ги срушиме со булоджери“, истакна Заев.

 

Слични содржини