Запален транспарент со пратеници пред Собранието (ФОТО)

од Nikola Popovski

На протестот пред зградата на Собранието против францускиот педлог беше запален голем транспарент на кој беа прикажани фотографии од пратеници од актуелниот парламентарен состав.

Транспарентот, насловен со „Предавници на народот“, беше поставен на заштитната ограда пред Собранието. Околу зградата е евидентно големо полициско присуство.

Денеска е петтиот ден од протестите против францускиот предлог, кој е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Слични содржини