Актуелно
Почетна / Глобално / Запалена полициска станица: Продолжуваат големите немири во САД поради бруталната смрт на Џорџ Флојд (видео)

Запалена полициска станица: Продолжуваат големите немири во САД поради бруталната смрт на Џорџ Флојд (видео)

Продолжуваат протестите низ САД поради бруталната смртт на Џорџ Флојд.

Семејството на Афроамериканецот, кој почина по бруталното апсење, за кое кружи вирално видео на Интернет, побарале  полицајците вклучени во неговото апсење да бидат обвинети за убиство. Оттогаш, тие се отпуштени од работа

Она што започна како мирен протест сега ескалира, а има и голема материјална штета, беше соопштено на прес-конференција на полицискиот оддел Луисвил Метро во Кентаки. Демонстрантите ги блокирале автобуси и го запреле сообраќајот, фрлајќи шишиња кон полицајците, соопшти полицијата. Штетата е голема за возилата и зградите.

Според Си-Ен-Ен, има протести во пет градови. Во Минеаполис, демонстрантите ја запалиле зградата на полицијата, а во Кентаки имало и пукање.

Случајот со Џорџ Флојд почна откако сопственик на продавница во Минеаполис повикал полиција бидејќи се сомневал дека Флојд се обидел да купи цигари со фалсификувана банкнота од 20 долари.

Сопственикот потоа изјави дека понудил да плати за погребот на Флојд

loading...