Запалени шест контејнери во Дебар Маало (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Вечерва шест пластични контејнери изгореа на ул. Алберт Ајнштајн во Дебар Маало, а оштетени се и неколку околни дрвја, во веројатно намерно запален пожар, соопштуваат од Град Скопје.

Благодарение на брзата реакција на скопските пожарникари, огнот не се проширил кон околните згради и возила.

Од ЈП Комунална хигиена Скопје најавуваат дека изгорените контејнери ќе бидат заменети со нови уште вечерва.

Слични содржини