Заплена на дрога: Високиот полициски службеник бил командир во полициската станица во Прилеп?

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска соопшти дека во голема полициска акција запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра и дека приведен е висок полициски службеник. Според неофицијални информации, денес околу 14 часот полицијата пресретнала камион кој бил натоварен со дрогата, а во организацијата на транспортот на дрогата постои сомнеж дека е вмешан Кире Спиркоски, со чин командир во полициската станица во Прилеп, објави СДК.

Оваа акција МВР ја спроведува со помош на Американската агенција за борба против дрога (ДЕА).

„Продолжуваме заедно со нашиот стратешки партнер во неселективната борба против криминалот“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, без да даде повеќе информации околу акцијата.

 

Слични содржини