ЗАПЛЕНА НА РЕКОРДНА КОЛИЧИНА ДРОГА ВО ЕВРОПСКА ДРЖАВА: Пронајдени 11 тони кокаин

од Stefanija Kuzmanovska

Белгиските власти запленија рекордна количина кокаин минатиот викенд, откако царинските службеници во пристаништето Антверпен запленија скоро 11 тони дрога, скриена во товар со обработена кожа.

Пратката ја зголеми вкупната количина на запленет кокаин во Белгија во последните шест недели на 27,64 тони, во вредност од околу 1,63 милијарди долари, објави белгиското обвинителство, пренесува АП.

Минатиот месец белгиската полиција уапси 48 лица за време на операција во која учествуваа повеќе од 1.500 полицајци насочени кон борба против организираниот нарко криминал.

Белгиските обвинители рекоа дека во текот на двегодишната истрага, истражителите упаднале во апликацијата за шифрирање пораки SkyEC и пресретнале милијарда пораки.

Со илјадници бродски контејнери кои пристигнуваат секој ден во Антверпен, белгискиот пристанишен град е едно од главните европски пристаништа за влез на кокаин.

Слични содржини