Запленет кокаин и марихуана кај дилер од Тетово

од Nikola Popovski

Тетовоската полиција денеска извршила претрес во дом на 20-годишен тетовец со иницијали Ф.М. на улицата 146 во Тетово.

Како што информираат од МВР, при претресот реализиран со судска наредба пронајдени биле 5 пакувања кокаин, 1 пакување марихуана и дигитална вага.

Ф.М. бил лишен од слобода и задржан во полициската станица Тетово.

По документирање на случајот, против него ќе биде изготвен поднесок за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Слични содржини