Запленет кокаин во Драч

од Stefanija Kuzmanovska

Албанските власти открија и запленија 6,5 килограми кокаин во контејнер со товар од Еквадор во пристаништето Драч.

Според полицијата, извршена е детална контрола на 10 контејнери на компанијата „Alba egzotic fruit“, и во таа прилика била пронајдена дрога во повеќе пакетчиња.

Повеќе од 11,6 килограми кокаин претходно беа откриени во контејнер со банани од истата компанија.

Слични содржини