Запленет тон кокаин: Дрога вредна 128 милиони долари скриена меѓу гајби со овошје!

од Nikola Popovski

Британската полиција запленила околу еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и објави дека се уапсени двајца осомничени.

Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на околу 128 милиони долари, а пронајден е во пристаништето Довер на југоистокот на Англија, пренесува Ројтерс.

Уапсените мажи на возраст од 40 и 64 години се осомничени за увоз на дрога од класа А, а полицијата ја открила дрогата со дешифрирање на пораките на организаторите.

„Оваа операција спречи големи количини на кокаин да бидат продавани на улиците“, изјавил еден инспектор.

Слични содржини