Запленета дрога вредна 200.000 евра кај „Богородица“

од Nikola Popovski

Голема полициска акција е во тек на југот од земјата, во непосредна близина на граничниот премин Богородица.

Според информациите, уапсени се пет лица, тројца албански државјани и двајца македонски државјани и запленета е марихуана вредна околу 200.000 евра.

Од МВР потврдуваат дека е во тек акција за заплена на дрога, а за повеќе детали ќе соопштат утре.

Слични содржини