Запленети 5,4 тони кокаин

од Stefanija Kuzmanovska

Колумбиските власти, во соработка со Панама и САД, запленија 5,4 тони кокаин, вреден 185 милиони долари, објави колумбиската морнарица.

Дрогата била пронајдена во глисер, кој, кога бил откриен од панамските власти, побегнал во колумбиските води, каде што бил фатен од колумбиската крајбрежна стража, пренесува „Ројтерс“.

На глисерот имало 81 вреќа кокаин, а други 147 вреќи биле пронајдени во грмушките на брегот.

Дрогата припаѓала на криминалната организација Клан дел Голфо, соопштија властите. Организацијата ја води Даиро Антонио Усуга, познат како „Отониел“, кој е најбараниот дилер на дрога во Колумбија.

Слични содржини