Запленети 6,5 килограми кокаин скриени во банани во Драч

од Берта Китинска

Во албанското пристаниште Драч, во контејнер со јужно овошје натоварен во Еквадор, откриени и запленети се 6,5 килограми кокаин.

Од полицијата соопштуваат дека била извршена детална контрола во 10 контејнери на компанијата „Алба егзотично овошје“(Alba Exotic Fruit) каде, како резултат на деталната контрола, во еден од контејнерите биле пронајдена и запленета дрогата, пакувана во неколку пакетчиња.

Слични содржини