Запленети два тони дрога во Црна Гора

од Nikola Popovski

Црногорската полиција мината година запленила околу 1,9 тони дрога и 6.642 таблети, а во последните три години речиси девет тони наркотици.

Според Дневниот весник на Полициската управа, најмногу е запленета марихуана и тоа 1.829 килограми.

– Најголемата заплена била во Подгорица, кога биле одземени 413,3 килограми марихуана. При проверка на возила, полицијата пронашла голем број пакувања со наведената количина опојна дрога, соопшти полицијата.

На граничните премини полицијата запленила 17 килограми хероин, 1.445 килограми марихуана и одредена количина хашиш и кокаин, додека во внатрешноста на земјата се запленети 484,8 килограми опојни дроги.

– Во врска со видовите наркотици, во најголем број случаи се шверцува марихуана од типот сканк, која од Албанија се криумчари кон соседните земји и понатаму кон запад. Покрај марихуаната и хероинот, регистрирани се помали количини на кокаин и хашиш, информира полицијата.

Во однос на граничното подрачје и граничните премини, најзагрозена е државната граница со Албанија, каде се откриени најголем број случаи на шверц на големи количини марихуана.

Слични содржини