Започна испитувањето на руската вакцина врз постари лица: Познато какви се првите реакции 

од Stefanija Kuzmanovska

Првата група постари волонтери ја примиле вакцината против коронавирусот Спутник V, изјави претставникот на Руската централна клиничка болница, Никита Ломакин.

Како што рече, првата група волонтери се состои од 28 лица постари од 60 години, а меѓу нив немало хронично болни.

„Вкупно, планирано е вакцината да се тестира на 110 волонтери. Досега не се забележани никакви контраиндикации“, потенцира Ломакин.

Ломакин проценил дека за време на тестирањето на вакцината кај помлади лица, по првата доза, биле евидентирани неколку случаи на треска и состојба пред-грип, меѓутоа, при инјектирањето на постари лица, овие контраиндикации не биле утврдени.

Како што рече, сите волонтери кои примиле вакцина се хоспитализирани, така што лекарите ќе можат постојано да го следат нивното здравје во случај на какви било компликации.

За потсетување, вакцината Спутник V, произведена од Институтот за научно истражување Гамалеја, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.

Слични содржини