Започна изборниот процес во Штип и Пласница: Денес гласаа болните од Ковид 19 и оние во изолација

Денес започна изборниот процес во Штип и Пласница. Во Пласница право на глас според избирачкиот список имаат 4.954 гласачи, додека во Штип 41.777 гласачи.

Денес започна изборниот процес со гласање на болните од Ковид 19 и оние кои се во изолација. Во Штип според информациите на ДИК имало 12 вакви гласачи, додека во Пласница ниту еден, по што таму не биле ниту отворењни гласачките места. Утре гласаат затворениците, во Штип се пријавени 67, додека во Пласница само еден гласач.

Во недела инаку е официјалниот изборен ден, а гласачките места ќе бидат затворени во 19 часот.

Оттаму до недела, односно до затворањето на гласачките места во земјава владее предизборен молк.

Предвремените избори за градоначалници доаѓаат откако градоначалникот на Штип, Благој Бочварски од СДСМ, беше именуван за министер за транспорт, додека Исмаил Јахоски од Пласница, стана пратеник на ДУИ во Парламентот.

Слични содржини