Започна изградбата на фабрика за производство на бетонски префабрикувани елементи во Новини и Речица

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска заедно со претставници од фирмата „ARMOS Balkan“ од Република Грција беа во посета на индустриската развојна зона Новини и Речица за да видат како се одвиваат работите во изградбата на фабрика за производство на бетонски префабрикувани елементи.

„Започната е изградбата на фабриката за производство на бетонски префабрикувани елементи во индустриската развојна зона Новини и Речица. Денеска, со претставници од грчката фирма „ARMOS Balkan“ која е инвеститор бевме во посета на индустриската зона за да видиме како се одвиваат работите при изградбата. Фабриката ќе биде лоцирана северно од градот кон границата со Република Србија, во индустриската развоја зона Новини и Речица, на автопатот Е 75, Белград-Атина, простирајќи се на површина од 65 хектари градежно земјиште, со намена Г2 (лесна и незагадувачка индустрија) и намена Б (големи трговски единици-шопинг молови и хотели)“, рече Димитриевски.

Тој истакна дека се очекува оваа најголема индустриска зона во општината да привлече голем број фирми, преку развивање на големи трговски единици, од причина што стопанството е една од најзначајните гранки за развивање и просперитет на нашите граѓани.

Слични содржини