Ирачките сили денеска ја покренаа долгоочекуваната операција за ослободување на Мосул, кој е под контрола на екстремистите од Исламска држава од јуни 2014 година, соопшти војската.

– Почна првата фаза од операцијата за освојување во провинцијата Ниневех, чиј главен град е Мосул, се вели во соопштението.

635943903399790342-AP-MIDEAST-IRAQ-MOSUL-ISLAMIC-STATE-80733556

Портпаролот на ирачката воена команда Јахја Расул изјави дека ирачките сили изутринава зазеле неколку села во предградието Махмур, кое се наоѓа источно од Мосул.

– Меѓународната коалиција, предводена од САД, пружа поддршка од воздух,истакна Расул. Мосул е втор град по големина во Ирак и се наоѓа на 360 километри северозападно од Багдад.

Слични содржини