Започна печатењето на новите учебници, учениците ќе ги добијат книгите во ноември

од Берта Китинска

Почна печатењето на учебниците за основно образование кои се нови и оваа учебна година прв пат ќе се употребуваат, информираат од Министерство за образование и наука.

-Приоритет во процесот на печатење имаат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение, кои низ сложена неколкумесечна постапка се неодамна одобрени, а нивната изработка следеше по креирањето на нови наставни програми за овие одделенија, согласно планот за етапна реформа на основното образование, посочуваат од МОН.

Како што велат од МОН, согласно Договорот со економскиот оператор, печатницата Европа 92, целосната испорака ќе биде заокружена во текот на следниот месец.

МОН наведува дека заедно со другите надлежни институции ќе продолжи да вложува во изработка на нови наставни програми и учебници, зашто тоа, нагласува, е еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно – образовен процес.

Слични содржини