Започна расправата за ковид-мерките, Филипче вели носењето маска на отворено ќе има исклучоци

од Nikola Popovski

Собранието вечерва ја почна расправата за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Претходно, измените и дополнувањата на Законот доцна попладнево поминаа на собраниската Комисија за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче, образложувајќи го законот, истакна дека новите измени произлегуваат од се поголемиот број регистрирани случаи и преполнување на болниците, како и, како што рече, поучени од искуствата и спроведувањето контрола од претходно пропишаните превентивни мерки, се наметна потреба од измена на овој Закон.

-Со измените се уредува најпрво начинот на лекување на пациентите во смисла на институциите каде што се лекуваат, што сега е уредено со уредба со законска сила што важи до 31 декември и има потреба да се продолжи и понатаму, со оглед на тоа што е очгигледно дека пандемијата не стивнува, како и зголемување на ингеренциите на инспекторатите во однос на контролата на спроведувањето на новите мерки, рече Филипче.

Рече дека власта и опозицијата на Комисијата за здравство постигнале консензус за амандманите и истите ги усогласиле.

– Тоа што амандмански се интервенираше сега е дел од законот, се однесува на задолжителното носење на лична заштита опрема на лицето, во смисла на маска, шал, марама… при излегување надвор од својот дом, задолжително при движење на јавни места, површини на отворен простро, пазари, јавен превоз, како и места каде што може да се соберат повеќе лица во исто време, во државни институции, маркети, банки…, појасни Филипче.

Министетот рече дека носењето маска на отворено ќе има исклучоци при спортување на отворен простор, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедниата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита, а се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определеното работно место, ако лицето е помало од шест години и ако лицето има специфична здравствена состојба, лице со посебни потреби или пречки во развој на кое што носењето на ваква заштита би било проблематично или контраиндицирано.

-Уште нешто што е веќе уредено со Уредба, е задолжителна самоизолација при тестирање за коронавирусот. По закажувањето на тестот или самото тестирање до добивањето на резултатот секако дека самоизолацијата продолжува ако е резултатот позитивен и забраната за групирање на јавен простор, како и јавни површини во одредени периоди од деноноќието, истакна министерот.

Слични содржини