Започна самитот на АСЕАН во Камбоџа, за утре се очекуваат и Бајден и Лавров

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерите на земјите од Југоисточна Азија денеска го започнаа годишниот самит на АСЕАН (Асоцијација на нациите од Југоисточна Азија) во Пном Пен во Камбоџа, на кој најверојатно ќе доминира темата за ескалација на насилството и политичкиот ќор-сокак во Мјанмар, а утре ќе им се придружат и претседателот на САД Џозеф Бајден, како и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Премиерот на Камбоџа и домаќин на АСЕАН, Хун Сен, се обрати на церемонијата на отворање со повик за будност и мудрост во време на економски и геополитички превирања.

„Сега сме во најнеизвесниот момент; животите на милиони во нашиот регион зависат од нашата мудрост и предвидливост“, рече Хун Сен, пренесе „Ројтерс“.

На состанокот во Пном Пен присуствуваат лидерите на девет земји од блокот – Брунеи, Камбоџа, Лаос, Индонезија, Малезија, Филипини, Сингапур, Тајланд и Виетнам.

Слични содржини