ЗАПОЧНА СОСЛУШУВАЊЕТО НА НАВАЛНИ: Руската затворска служба бара да остане во затвор

од Stefanija Kuzmanovska

Сослушувањето на Алексеј Навални, главниот опозиционер и критичар на Кремљ, започна денес во 10.30 часот (12.30 часот по московско време) во градот Химки, близу Москва, објави на Твитер портпаролката на судот, Кира Јармуш.

Руската затворска служба побара од судот да го задржи во притвор, објави „Ројтерс“ повикувајќи се на извори на Интерфакс.

Западот ја повика Русија веднаш да го ослободи Навални, кој беше уапсен во неделата вечерта на московскиот аеродром по враќањето од лекувањето од Берлин, каде се опоравуваше од наводното труење со нервниот агенс „новичок“.

Навални го нарече испрашувањето „најголем степен на беззаконие“, во првите коментари откако беше затворен и се обрати со видео на Твитер, кое го објави неговата портпаролка.

Слични содржини