Започна средбата Путин-Си во Кремљ: Погледнете како рускиот лидер го пречека важниот гостин (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Би-Би-Си ги објави деталите од средбата меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ. Пристигнувањето на Си на средбата со рускиот претседател во Кремљ ги имаше сите белези на свечен настан.

Двајцата државници беа пречекани со оркестарска изведба на кинеската и руската национална химна.

Си влезе во големата сала од едната, а Путин од другата страна. Тие чекореа по црвениот тепих еден кон друг и се сретнаа покрај огромните знамиња на Русија и Кина.

Тие позираа пред фотографите пред да влезат во големата сала на Редот на Света Катерина на разговорите, кои се очекува да траат неколку часа.

Потоа ќе биде објавено заедничко соопштение. Засега не се знае дали двајцата лидери ќе одржат прес-конференција.

Руските медиуми јавуваат дека за Кремљ се акредитирани 250 новинари.

Слични содржини