Започнува масовна вакцинација во Црна Гора

од Берта Китинска

Утрово во Црна Гора започна масовната имунизација на населението против коронавирусот со вакцината Синофарм. Како што беше претходно најавено, граѓаните ќе можат да се вакцинираат без да закажат термин.

Вакцинацијата ќе биде спроведен на 140 пунктови за низ Црна Гора, со работно време од 8 до 20 часот.

Министерката за здравство во Владата на Црна Гора, Јелена Боровиниќ-Бојовиќ, најави дека граѓаните ќе можат да избираат помеѓу вакцините што ќе бидат достапни во тоа време, додека на оние кои страдаат од одредени болести вакцината ќе им ја препорача избран лекар.

Директорот на Здравствениот дом во Котор, Игор Кумбуровиќ, за Радио Телевизија на Црна Гора изјави дека примиле 3.700 дози вакцина „Синофарм“ и дека примаат втора доза на вакцина „АстраЗенека“.

Слични содржини