ЗАПОЧНУВА ПЕКОЛ ЗА ЖЕНИТЕ ВО АВГАНИСТАН: Принудни бракови и злоупотреби

од Stefanija Kuzmanovska

Во изминатите неколку месеци, Талибанците практично ја презедоа контролата врз целиот Авганистан. А каде и да стапнеа, на удар беа прво жени и девојки.

Случаи на принудни бракови и злоупотреби веќе се пријавени, а многу девојки и жени станаа робинки.

Затоа многумина се обидуваат да избегаат од своите куќи за да се спасат.

Многумина се грижат за својот живот. Новинарките се особено во опасност, а според извештаите, Талибанците веќе убиле неколку.

Во рамките на подготовките за пристигнувањето на Талибанците во Кабул, плакати и излози на продавници беа насликани со молскавична брзина, на кои беа прикажани слики од жени кои не носат бурка, бидејќи Талибанците не го дозволуваат тоа.

Во почетокот на јули, додека талибанските бунтовници ја окупираа владината територија низ Авганистан, борците од групата влегоа во канцелариите на банка во јужниот град Кандахар и им наредија на жените кои работеа таму, вкупно девет, да си одат дома.

Талибанците ги спроведоа до нивните домови и им рекоа да не се враќаат на своите работни места. Наместо жените, тие објасниле дека нивните машки роднини можат да ги преземат тие работни места, рекоа три жени и менаџер на банка.

– Навистина е чудно што не ни беше дозволено да започнеме со работа, но сега е како што е- изјави за Ројтерс Нур Катера, 43-годишна жена која работела во банка.

Инцидентот е ран знак за тоа како ќе изгледаат сега животите на Авганистанките и дека ќе останат без многу од правата што ги освоиле во изминатите 20 години.

Слични содржини