Започнува пописот на дијаспората

од Берта Китинска

Од утре почнува првата фаза на пописот со која ќе бидат опфатени дијаспората, армијата, дипломатските претставништва, бездомниците и затворениците.

Попишувањето  ќе може да се изврши  преку веб-страницата https://stat.gov.mk и ќе трае сè до 21 април.

-Пописот е најважната и најголемата статистичка операција со која ќе се обезбедат податоци кои ја даваат основата за креирање ефикасни јавни политики кои водат кон искоренување на сите форми на сиромаштија, нееднаквост, зачувување на животната средина, обезбедување на просперитет и мир.Процесот на отпочнување на преговорите со ЕУ започнува и со пописот, кој е од особена важност и наша обврска како држава-кандидат за членство во ЕУ, бидејќи токму поглавјето Статистика е едно од поглавјата од првиот кластер во преговорите.Со учеството во пописот секој граѓанин ќе даде свој личен придонес кон подобра иднина за сите нас. Тоа е наше задолжение, наша обврска кон државата, кон нас самите и кон нашите деца, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Пописот на целото население ќе се спроведе од 1 до 20 април. Шест месеци потоа, се очекуваат и официјалните резултати и од пописот.

Слични содржини