Запорожје: Ќе се зајакне противвоздушната одбрана околу нуклеарната централа

од Stefanija Kuzmanovska

Противвоздушната одбрана околу нуклеарната централа Запорожје ќе биде зајакната по неколкудневното гранатирање на тој објект, изјави денеска шефот на воено-цивилната управа на регионот Запорожје, Евгениј Балицки.

Како што рече, нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, сега работи нормално, а оштетените далноводи се обновени, пренесува РИА Новости.

Последните денови Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа Запорожје, која се наоѓа на територијата под руска контрола.

Слични содржини