Запознајте го новото момче на Цеца: 8 години е помлад од неа (ФОТО)

од Nikola Popovski

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ (46), како што објавија српските медиуми, веќе некое време е во емотивна врска со Богдан Срејовиќ (38) од Белград. Според близок извор на парот, запознавањето се случило на роденден на пријател на Цеца, а по неколку недели дружење, двајцата започнале романтична љубовна врска.

„Првата средба меѓу Цеца и Богдан се одржа на роденденска вечера во ресторан во главниот град. И тогаш се сретнаа уште неколку пати преку заеднички пријател. На самиот почеток, двајцата ја криеја врската и се движеа само меѓу најблискиот круг на пријатели. Сепак, од Нова година тие започнаа да се појавуваат заедно на јавни места, за што сведочат и овие папарацо фотографии направени во еден белградски ресторан, а пред тоа парот беше виден на Јахорина каде уживаа во зимската магија со друштвото… “, открива изворот за порталот Нова.рс, кој бил детално информиран за љубовната врска на Ражнатовиќ.

Инаку, Богдан работи во угостителството многу години и е многу успешен во својата деловна активност. Тој има брак зад себе и е разведен скоро пет години, а од бракот ја ќерката Искра.

Откако од порталот ја контактирале Цеца за одговор за пишувањата, таа одговорила: „Не сакам да го коментирам мојот приватен живот. Збогум “.

 

loading...

Слични содржини