Актуелно
Почетна / (не)Секојдневно / Запознајте го вистинскиот Тарзан: Израснал во шума, до пред 7 години не знаел дека постојат жени (ВИДЕО)

Запознајте го вистинскиот Тарзан: Израснал во шума, до пред 7 години не знаел дека постојат жени (ВИДЕО)

Еден маж и неговиот син беа „спасени“ од џунглата во Виетнам пред седум години, откако живееја во изолација 41 година.

Хо Ван Ланг и неговиот татко живееле во џунгла за да ја избегнат американската војна, објави Унилад.

Додека живееле во шумата, Ланг користел стапици за фаќање, убивање и готвење стаорци, лилјаци и други мали животни.

Тие правеле облека од дрвја и што ќе нашле во џунглата.
Ланг имал колекција на оружје што го правел од урнатини на хеликоптери и делови од оружје.

Како што рече, во сите овие години живеење во изолација, од далеку видел само пет лица, а неговиот татко не му рекол ништо за жените.
„Кога видовме други луѓе, побегнавме и се скривме“, рече Ланг.

Тарзан од реалниот живот, како што го доби прекарот, никогаш не видел ниту едно возило, дури ни од далеку, па дури ни пат.

Кога се вратиле во цивилизацијата, Ланг рече дека му се допаѓа да вози автомобил.

Откако поминаа 41 година во џунгла, тие сега живеат во селото со други семејства и се таму веќе четири години.

Според медиумите, Ланг не бил потполно свесен за општествените норми и не ја знаел разликата помеѓу добро и лошо.

Тој сè уште се плаши од возење мотор, па затоа често скока од него и продолжува пеш.

Неговиот татко е глув, и поради неговото ментално здравје, тој верува дека војната против САД и натаму трае.

Неговата најголема опсесија е да се врати еден ден во џунглата.

Ланг и натаму се мачи со технологијата, но научил многу за модерниот живот во изминатите четири години.

 

loading...