Заработува милиони, а дојде на тренинг на Баерн со скејтборд

од Nikola Popovski

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман привлече големо внимание со начинот на кој пристигна на тренинзите.

Младиот стручњак пристигна на скејтборд, за да ги подготви своите играчи за дуелот со Гројтер Фурт во петок.

Овој потег го забележаа и фановите кои го поздравија потегот на Нагелсман преку социјалните мрежи.

Повеќето други фудбалери и тренери на богати клубови сепак би се одлучиле за некои „поудобни“ варијанти, но Нагелсман инсистира на неговата љубов кон „даската“, за која зборувал ова лето.

„Уживам во скејтбордот и може повремено да ме видите како пристигнувам во тренинг центарот на Баерн со скејт“, објасни Нагелсман на почетокот на јули.

Потсетуваме, Нагелсман летово пристигна во Баерн како замена за Ханси Флик, кој тргна да биде селектор на Германија по заминувањето на Јоаким Лев.

Јулијан досега го водеше Лајпциг, со кого стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите 2020 година.

Слични содржини