Заради Ковид-19 кампува во својата куќа: Екстремни мерки на американскиот пулмолог ги воодушеви сите (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Д-р Тими Ченг, лекар од Калифорнија е специјалист за белодробни заболувања и во моментов, како и многу негови колеги ширум светот се бори против коронавирусот.

Поради природата на неговата работа, тој е во ризичната група, д-р. Ченг реши да ја зголеми заштитата на своето семејство. Првата вечер по работата, тој спиел во својот автомобил, а спиел и во болницата неколку ноќи.
Неговата сопруга тогаш предложила да спие во шатор во нивната гаража, што лекарот прифатил, јавува NBC.
Ставил душек во неговиот шатор и донел лаптоп, а семејството му носело оброци.

Фејсбук постот на д-р Ченг е означен 17.000 пати и споделен 39.000 пати. Во него, со слики од изолација, тој ги повика сите да останат дома и да ги зголемат напорите во здравствениот систем.

 

I am a pulmonary and critical care specialist treating COVID-19. 3/14/2020 was a big day. 3/14/2020 is the day I…

Публикувахте от Timmy Cheng в Неделя, 22 март 2020 г.

Слични содржини