Заразен со ковид 19 намерно ѝ се искашлал на поранешната сопруга во лице: Судот му одреди жестока казна

од Stefanija Kuzmanovska

Маж во Австрија бил осуден затоа што намерно ја заразил својата поранешна сопруга со коронавирус кашлајќи кон неа, пишува „Асошиејтед Прес“.

Портпаролот на регионалниот суд во Линц во вторникот изјави дека 63-годишникот е осуден на девет месеци, условно на три години.

Судиите во понеделникот го осудија мажот за обид за нанесување тешка телесна повреда поради намерна инфекција на жртвата на ковид 19, додека тие сè уште живееле во истата куќа, пред разводот да заврши во ноември минатата година.

Обвинетиот, чие име не беше објавено, кашлал кон 70-годишната жена откако дозна дека е позитивен на ковид-19, изјави портпаролот на судот Валтер Ајчингер. Обвинетиот исто така беше осуден за закана на жртвата и лесна телесна повреда кога ја фатил за врат и ја наговарал да ја напушти нивната заедничка куќа.

Исто така, му беше наредено да ѝ плати 1.000 евра надомест на неговата поранешна сопруга, која во меѓувреме се опорави од инфекцијата со ковид-19.

Ниту обвинетиот, ниту обвинителството не планираат да се жалат на казната.

Слични содржини