Заразени 100 сватови на свадба во Србија

од Milan1

После свадба во српскиот град Кралево со околу 400 лица, пред околу еден месец, околу 100 гости на свадбата завршиле во ковид амбулантата во тој град, пренесуваат српските медиуми.

– Само во првата седмица по свеченоста, се појавија 25 новозаразени лица, а меѓу нив беше и млад човек на триесетина години, невакциниран, кој за малку не заврши на респиратор, открива Владимир Новиќ, рентген техничар во општата болница во Кралево.

Многу пациенти подоцна жалат што не се вакцинирале, што не се грижеле за себе, но за некои ќе биде предоцна. И здравствените работници страдаат од нивната неодговорност.

– Тоа беше свадба со околу 400 луѓе. Половина од нив знам. Околу 100 од нив многу брзо ја посетија клиниката. Во првата недела по венчавката, 25 лица веќе беа позитивни. Младо момче вели, „Да знаев, никогаш немаше да отидам на свадба. Ако преживеам, ќе се вакцинирам штом ќе ја напуштам болницата“. Излезе неодамна. Едвај се спаси од респиратор, објаснува Новиќ и посочува дека здравствените работници се секогаш погодени од ваквата неодговорност.

– Дали е малку што гинеме на работа. Кога се враќаме од смена, не можеме да ја погодиме вратата од куќата, не ги гледаме децата. Не сум антиваксер. Моето семејство е вакцинирано. Вакцината не е задолжителна, но, луѓе, ако не сакате да се вакцинирате, барем можете да ја носите таа маска. Барем толку можете да ни помогнете, вели Новиќ.

Слични содржини