Заразени се 1839 граѓани: Ресен е единствениот град каде нема заразени од коронавирусот

од Берта Китинска

Министерството за здравство информира дека вчера Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти во: Скопје-16, Куманово-10, Прилеп-6, Тетово-15, Велес-1, Крива Паланка-1 и Валандово-1.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (78г) примен на 7 мај и пациент од Тетово (77г), на болничко лекување од 14 мај.

За 24 часа, до влера на пладне направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1839, бројката на оздравени пациенти е 1351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382.

Последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 636, активни 143, Куманово – 416, активни 21, Дебар – 51, активни 0, Штип-38, активни 4, Прилеп –202, активни 59, Тетово – 150, активни 66, Струга – 71, активни 5, Велес – 125, активни 53, Битола –27, активни 8, Охрид –21, активни 6, Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –20, активни 3, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка- 6, активни 1.

Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 4, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 1, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 0, Виница – 2, активни 0, Кратово-2, активни 1, Берово-1, активни 1, Свети Николе-1, активни 1.Ресен без нитуе еден случај заразен со Ковид 19.

Слични содржини