Заразени уште 375 граѓани со коронавирус

од Nikola Popovski

Нови 375 заразени со коронавирус од 2744 тестирања, покажа последниот ковид-пресек на Министерството за здравство.

Билансот по градови изнесува: Скопје – 180, Прилеп – 30, Битола – 28, Кавадарци – 26, Куманово – 13, Велес – 12, Радовиш – 11, Делчево – 9, Кочани и Валандово – по 8, Крива Паланка и Ресен  – по 7, Охрид – 5, Тетово и Македонски Брод  – по 4, Гостивар, Штип, Кичево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Струмица и Гевгелија – по 2, Струга, Неготино, Крушево и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe и 507 оздравени пациенти од: Скопје – 246, Битола  – 43, Прилеп – 25, Куманово – 22, Охрид – 18, Кавадарци – 17, Велес – 15, Тетово – 14, Делчево – 13, Кочани и Струмица – по 10, Крива Паланка – 9, Штип и Свети Николе – по 7, Радовиш и Гевгелија –   по 6, Ресен – 5, Валандово, Струга, Неготино и Берово – по 4, Виница и Кратово – по 3, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пробиштип – по 2, Македонски Брод, Гостивар, Кичево, Дебар, Богданци и Демир Капија – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.488.688 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини