Заразените од коронавирусот во САД добиваат лек кој повеќето луѓе го имаат дома

од Aleksandar Petrovski

Пациентите кои се сериозно болни од коронавирусот во државата Њујорк примаат огромни дози на витамин Ц. Ова се заснова на ветувачки извештаи дека им помогнал на луѓето во тешко погодената Кина.

Д-р Ендру Г. Вебер, пулмолог рече дека неговите пациенти со коронавирус на интензивна нега веднаш добиле 1.500 милиграми интравенски витамин Ц.

Идентични количини на моќниот антиоксиданс се применуваат три до четири пати на ден, рече тој.
Оваа доза е 16 пати поголема од дневната препорака на витамин Ц во исхраната од страна на Институтот за здравство, која изнесува 90 милиграми за возрасни мажи и 75 милиграми за возрасни жени.

Во болниците во Њујорк се водат од експерименталниот третман што се применува на лица со коронавирус во Шангај, Кина, истакна Вебер.

„Кај пациентите кои примале витамин Ц, настапило значително подобрување од оние кои не примале витамин Ц“, рече тој.

Инаку, клиничкото испитување на ефикасноста на интравенскиот витамин Ц кај пациентите заразени од коронавирусот започна на 14 февруари во една болница во Вухан.

Слични содржини