Заразено лице со ковид 19 се маскирало во неговата жена за да може да лета

од Берта Китинска

Индонезиецот инфициран со ковид 19 влегол во авион маскиран како неговата сопруга, со никаб кој му го покривал лицето, лажни документи на нејзино име и негативен тест за PCR, но неговиот маскенбал не траел долго.

Меѓутоа стјуардесата го приметила, односно дека влегол како жена, а излегол како маж, па го вклучила алармот. Биле повикани властите кои веднаш го уапсиле осомничениот. Бил извршен тест кој бил позитивен и веднаш е испратен во изолација во неговиот дом, каде го надгледува полицијата.

Инцидентот се случил на летот Џакарта – Тернате. Кога се качил во авионот, тој го докажал својот идентитет.

Слични содржини