Засега без публика на спортските натпревари

од Nikola Popovski

На денешната 69-та седница, Владата на Северна Македонија ги усвои најновите мерки кои се однесуваат на ограничувањето на движењето на граѓаните, како и други мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести (КЗБ). Сепак од владината прес-служба, соопштија дека спортските натпревари нема да спаѓаат во категоријата на настани, на кои ќе биде предвидена публика.

„Како дел од овие мерки е и одлуката дека сите настани и други слични јавни активности (културни, научни и забавни) може да продолжат да се одржуваат согласно наменските протоколи до 30 % исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50% исполнетост на отворените простори. Спортските настани и понатаму се организираат без физичко на присуство на публика“, соопштија од Владата.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека и на спортските натпревари ќе може да има публика.

 

Слични содржини