Денеска нема нова средба на работните групи на политичките партии кои се обидуваат да постигнат договор за реформи во медиумската сфера.

piter-vanhaute

Кристина Димова, асистентката на белгискиот посредник Питер Ванхауте, потврди дека засега нема закажано средба на која би посредувал Ванхауте.

– Официјално нема преговори на кои посередува Ванхауте, но ако партиите изразат желба, посредникот нема никаков проблем да продолжи со преговорите – рече асистентката на Ванхауте.

Вечерва ќе биде отворена изложбата на Пабло Пикасо во МКЦ

Посредникот вчера неколкупати преку својот профил на „Твитер“ ги повика партиите да продолжат со преговори, но засега нема никакви потврди дека тоа навистина ќе се случи.

Денеска е последниот рок за да се постигне договор во медиумите. Се очекува во текот на денот амбасадорите на Европската унија и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли, да ги соопштат своите оцени за тоа дали се создадени услови за фер избори на 24 април.

 

META

Слични содржини