Заштита од коронавирусот: Руски лекар објаснува во кои случаи облеката треба да се дезинфицира

од Nikola Popovski

Облеката треба да се дезинфицира ако се случи да се најдете покрај луѓе кои кивале или кашлале покрај вас, или ако со таа облека сте ги допреле оградите или ѕидовите во лифтовите, изјави познатиот руски лекар и  телевизисики водител, Евгениј Комаровски.

„Ако не се соочувате со вакви ситуации, тогаш нема потреба да се грижите. Најлесен начин и исто така најдобриот е да имате неколку комплети облека. Кога влегувате во куќата,  облеката што сте ја носеле, извадете ја надвор на терасата, да остане неколку дена на сонце “, објаснува лекарот.

Комаровски потсети дека дури и ако некое лице го донело вирусот дома на ракавици или обувки, инфекцијата ќе се случи само кога вирусот навлегува на слузокожата и затоа е важно е да не ги допирате очите и носот со валкани раце.

Тој додаде дека пред да влезете во куќата, најдобро е да застанете на килимот пред вратата и убаво да ги истриете обувките. Според него, белилото со хлор е добро за чистење.

Слични содржини