„ЗАШТИТЕН СУМ ОД ГОСПОД“: НБА ѕвезда е решена да не се вакцинира

од Nikola Popovski

Додека повеќето кошаркари во НБА лигата се согласуваат да се вакцинираат против коронавирусот пред почетокот на сезоната, играчот на Бруклин, Кајри Ирвинг е решен да не го стори тоа.

Поради фактот што нема да се вакцинира, Ирвинг ќе мора да ги пропушти сите натпревари на домашен терен поради ковид-правилата што важат во Њујорк. Покрај тоа, лигата соопшти дека нема да им исплаќа плата на кошаркарите кои ги пропуштаат натпреварите поради одбивање на вакцинација, што значи дека американскиот кошаркар роден ќе загуби околу 15 милиони долари претстојнава сезона.

Ирвинг, исто така, објави коментар за оваа ситуација на својот профил на Твитер.

– Заштитен сум од Бога, а исто така и мојот народ. Стоиме заедно – напиша Ирвинг, а неговиот твит предизвика бројни коментари, меѓу кои има повеќето од оние што го советуваат да се вакцинира и дека неговото однесување е неодговорно.

Новата НБА сезона започнува на 19 октомври, а Нетс, во кој се и НБА суперѕвездите Кевин Дурант и Џејмс Харден, се сметаат за еден од главните фаворити во борбата за титулата.

 

Слични содржини