Заскитан куршум завршил на гласачко место во Аеродром

од Nikola Popovski

Синоќа околу 22.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во градинка на ул.„Коста Новаковиќ“,  општина Аеродром, додека се вршело пребројување на гласачки материјал, се слушнало пукање, а проектил завршил во гласачкото место бр.2687, каде биле присутни претседателот и седум членови на Изборната комисија.

Како што соопшти МВР, повредени лица нема, а оштетен е ѕидот низ кој поминал проектилот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициското одделение Сарај, В.Д. од Сарај синоќа околу 22.20 часот пријавил дека на ул.„10“, на неговото паркирано патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, му било оштетено задното ветробранско стакло од проектил од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини