„Заспа додека го гледаше цел свет“: Трамп го исмејуваше Бајден кој дремна на самитот

од Nikola Popovski

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го исмејуваше актуелниот претседател Џо Бајден (78) затоа што во понеделникот кратко дремна пред неговиот говор на самитот за климатски промени COP26 во Глазгов.

„Дури и Бајден не можеше да поднесе да слушне за измамата со глобалното затоплување, седмата најголема измама во Америка“, се пошегувал Трамп откако ги видел фотографиите од Бајден како дремнал.

„По неа следат измамите што ги направи на претседателските избори во 2020 година, Русија и Украина, измамата при отповикување број еден, измамата при отповикувањето број два. Бајден отиде во Европа велејќи дека глобалното затоплување му е приоритет, а потоа заспа, додека целиот свет го гледаше, на самата конференција. Никој кој навистина верува во некоја тема нема да заспие“, додаде Трамп.

За потсетување, Бајден беше снимен како седи со скрстени раце и постепено заспива додека се бори да ги држи очите отворени. На видеото, објавено од новинар на Вашингтон пост, се гледа како 78-годишниот Бајден дреме, по што му приоѓа помошник кој го буди. Бајден потоа ги отвори очите, ги спушти рацете, а потоа му аплаудираше на говорникот кој ја заврши својата презентација.

 

Слични содржини